Достапни линкови

Принуден управник за Детроит


Детроит

Детроит

Гувернерот на американската држава Мичиген наименува адвокат за итен менаџер во финансиски проблематичниот град Детроит. Со назначувањето на Кевин Ор, Детроид станува најголемиот американски град со државна контрола врз финансиите. Детроит кој своевремено беше центар на американската автомобилска индустрија, сега има дефицит во буџетот од 327 милиони долари и долгови од околу 14 милијарди долари. Стапката на невработеноста во градот е 18 насто што е скоро двојно повеќе од просекот во Соединетите држави. Во пеесетите години од минатиот век во овој град живееле 2 милиона луѓе, а сега само 700 илјади. Ор го контролираше реструктуирањето на „Крајслер“ по банкротот на фирмата во 2009 година.
XS
SM
MD
LG