Достапни линкови

ЕУ лидерите разговараат за Сирија


германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, Брисел 15 март 2013.

германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, Брисел 15 март 2013.

Лидерите на ЕУ денеска во Брисел ги почнаа разговорите за повикот на Франција за симнување на ембаргото за оружје за бунтовниците кои се борат против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад. Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека режимот не е заинтересиран за политичко решение на двегодишниот конфликт, додавајќи оти Европа не може да биде пасивна пред масакрирањето на Сиријците. Франција соопшти дека е подготвена да ги снабдува бунтовниците со оружје и ако ЕУ не го симне ембаргото, кое истекува на крајот од мај. Британија ја поддржува оваа идеја, но други членки, меѓу кои и Германија, се против.
XS
SM
MD
LG