Достапни линкови

Се повеќе угинати свињи пловат кај Шангај


Бројот на угинатите свињи кои пловат по реката од која со вода за пиење се снабдува најголемиот кинески град Шангај порасна на над 7 ипол илјади. Се верува дека тие биле од фармите во провинцијата Жеџијанг. До ова дојде откако кинеската полиција започна кампања против продажба на месни производи од заболени свињи. Властите тврдат дека немало опасност од загадување на водата за пиење за 23 милиони жители на Шангај.
XS
SM
MD
LG