Достапни линкови

Во војната во Ирак загинале 120 илјади луѓе


Баталјон американски маринци ја минуваат границата на Ирак, 21 март 2003.

Баталјон американски маринци ја минуваат границата на Ирак, 21 март 2003.

Во најновиот извештај на престижниот журнал „Лансет“ се наведува дека најмалку 116 илјади ирачки цивили и над 4 илјади и 800 странски војници загинале во Ирак межу март 2003 и повлекувањето на американските сили во 2011 година. Во студијата, која се базира врз објавени извештаи, се проценува дека американската инволвираност во Ирак го чинела Вашингтон околу 810 милијарди долари. Извештајот кој е објавен пред десетгодишнината од почетокот на војната во Ирак, се додава дека во тој период над пет милиони ирачани биле расселени, а над 30 илјади американски војници биле ранети.
XS
SM
MD
LG