Достапни линкови

Зошто младите треба да гласаат


Зоран Илиoски - извршен директор на Коалицијата на младинските организации СЕГА.
Зоран Илиoски - извршен директор на Коалицијата на младинските организации СЕГА.

Шансата за секој млад човек да влијае врз својата иднина најпрво започнува од најосновниот демократски процес во едно општество, а тоа се изборите. Кога гласаш, избираш кој ќе обезбеди подобра иднина за тебе. Оттаму, со самото следење на политичката опција која ја избираш (или не ја избираш) го оценуваш својот избор. Така се развива критичкото мислење. Така се развива политичката култура во едно општество, пишува Зоран Илиoски, извршен директор на Коалицијата на младинските организации СЕГА во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Правото на глас е клучниот елемент на учеството во демократските процеси на еден човек. Учеството во демократските процеси е од огромна важност за секое општество и правото да избираш и да бидеш избран се клучните елементи на граѓанството. Според сите досегашни општествени, економски и политички случувања многу е лесно да се заклучи дека Македонија се уште не е излезена од онаа фамозна „транзиција“ (Изгледа овој збор се поврзува со секој проблем во Македонија).
Општа е констатацијата кај нас дека младите главно се зачленуваат во политичките партии за да добијат вработување. Можеби таа цел придонесува тие да бидат безгласни. Наместо тоа, младите луѓе се оние кои што треба да бидат прогресивната сила во сите процеси, а со оглед на политичката ситуација во Македонија, можеби се најпотребни во политичките партии.

Имајќи ги предвид последните политички случувања, се поставува прашањето: колку и дали политичките партии ја користат соодветно младата популација во своето делување. Да не ме сфатите погрешно, тие веќе ја користат, но за погрешни цели... дали можат да го искористат нивното знаење... од се она што би можело да биде иднина за нив и за нивните врсници. А, оправдувањето е дека возрасните знаат најдобро!?

Општа е констатацијата кај нас дека младите главно се зачленуваат во политичките партии за да добијат вработување. Можеби таа цел придонесува тие да бидат безгласни. Наместо тоа, младите луѓе се оние кои што треба да бидат прогресивната сила во сите процеси, а со оглед на политичката ситуација во Македонија, можеби се најпотребни во политичките партии.

Истражувањата на граѓанскиот сектор покажуваат дека младите се незаинтересирани да учествуваат во демократските процеси, како активни граѓани. Причините за тоа најчесто ги гледаат во безизлезната економска ситуација во државата. Покажуваат апатичност, незаинтересираност, несоодветно го користат слободното време и можностите кои ги имаат...

Младите немаат доверба во оние кои ги донесуваат одлуките, бидејќи многу малку е направено за нивната благосостојба. Прашањето кое се поставува е колку од нив ќе излезат на избори да го искористат своето право на глас?! Пред секои избори кај нас постојано се зборува дали ќе има цензус за да бидат легитимни изборите. Барем се зборуваше до пред некое време. Како и да е, и на претходните локални избори на некои места бевме близу до непостигнување на цензусот. Младите се оние кои што најмалку го користат правото на глас. Најверојатно имаат „попаметна работа“.
Шансата за секој млад човек да влијае врз својата иднина најпрво започнува од најосновниот демократски процес во едно општество, а тоа се изборите. Кога гласаш, избираш кој ќе обезбеди подобра иднина за тебе. Оттаму, со самото следење на политичката опција која ја избираш (или не ја избираш) го оценуваш својот избор. Така се развива критичкото мислење. Така се развива политичката култура во едно општество.

А замислете, Европскиот младински форум води кампања за намалување на возрасната граница за гласање на 16 години!? Од демократска гледна точка тоа е многу силна алатка за зголемувањето на правата на младите луѓе да учествуваат на избори. Меѓутоа, ова би рекол дека повеќе се однесува на оние држави каде што политичката култура е на многу повисоко ниво, а свеста кај младите за учеството на избори, како и во сите демократски процеси, е прилично развиена. Меѓутоа оваа приказна е се уште далеку од Македонија.

Младите луѓе не се многу заинтересирани да учествуваат на избори. Имено, за да може Македонија полека да јакне, да ја подобрува својата демократска основа, потребно е младите луѓе да бидат проактивни, мотивирани, заинтересирани за општествено - политичките случувања во заедницата, бидејќи тоа е тесно поврзано со нивната иднина, со нивна можност да се вработат, подобро да се едуцираат, да имаат поорганизиран културен и спортски живот... Активното граѓанство е она што им ги отвора очите на младите луѓе... развива критичко мислење... кое е многу потребно во оваа држава.

Шансата за секој млад човек да влијае врз својата иднина најпрво започнува од најосновниот демократски процес во едно општество, а тоа се изборите. Кога гласаш, избираш кој ќе обезбеди подобра иднина за тебе. Оттаму, со самото следење на политичката опција која ја избираш (или не ја избираш) го оценуваш својот избор. Така се развива критичкото мислење. Така се развива политичката култура во едно општество. Така се јакне демократскиот капацитет во државата, кој што треба да носи силни позитивни промени. Затоа треба да гласаш! Гласај, нека те слушнат!
XS
SM
MD
LG