Достапни линкови

Фер ли се?


Дарко Давитковски, претседател на СДММ.

Дарко Давитковски, претседател на СДММ.

Медиумската машинерија работи на големо. Наводната партија од народот за народот при цела оваа немаштија и економска криза решија да откупат медиумски простор како кампања за Обама да прават, пишува претседателот на СДММ Дарко Давитковски во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Кампањата е во полн ек. Целата партиска машинерија на сите политички чинители како директни учесници во изборниот процес се одвива забрзано со сите сили и средства и интензивно се работи на терен. Кој порано, кој подоцна се вклучува во кампањата, се бие битка за секој глас во секое село и град. За жал, некои од нив се посетуваат само за време на избори, но тоа е реалноста.
Иако е постигнат политички договор, и навидум не постои политичка криза, сепак таа како ветрец провејува низ сите пори на државата. Единствено можно решение се предвремени парламентарни избори, став зад кој цврсто стои опозицијата, а за кои интензивно ќе започне да се разговара по локалните избори. Иако под притисок на високи европски официјални претставници се постигна каков таков договор, зацртаниот правец по кој ќе се движи опозицијата и понатаму останува ист.

Иако е постигнат политички договор, и навидум не постои политичка криза, сепак таа како ветрец провејува низ сите пори на државата. Единствено можно решение се предвремени парламентарни избори, став зад кој цврсто стои опозицијата, а за кои интензивно ќе започне да се разговара по локалните избори. Иако под притисок на високи европски официјални претставници се постигна каков таков договор, зацртаниот правец по кој ќе се движи опозицијата и понатаму останува ист.

Но, дотогаш преостанативе 10-тина дена останува мака да мачиме со прекршување на сите можни законски, етички и морални норми и правила на фер однесување од страна на ДПМНЕ во битка за освојување на општините. Сите министри и целата „професионална и непартиска“, државна и јавна администрација е ставена во функција на терање на кампања, партиска машинерија која ја држат во заложништво цела година. Користење на автомобили, злоупотреба на деца во политичка кампања, поставување на постери и плакати на несоодветни места, предвреме започнување на изборна кампања - се се тоа примери за флангрантно кршење на Изборниот законик. Затоа, пак, избирачките списоци се единствената сламка за одржување на власта во живот.

Играњето со решенија од типот на поевтинување на медицинските лекови, покачување на пензиите на пензионерите, сечење на црвени ленти и по некоја фрлена лопата за време на кампања се со цел да се обезбеди глас плус од народот кој едвај крпи крај со крај. Истата таа власт која го соголе и осиромаши сопствениот народ сега му дава книга со дела, од кои 90% ќе се рализираат во Скопје. Дали некој од Вас господа од власта сте виделе како е во Пробиштип, Македонска Каменица, Македонски Брод, Крива Паланка, Кратово, Радовиш...
Наводната партија од народот за народот при цела оваа немаштија и економска криза решија да откупат медиумски простор како кампања за Обама да прават. Па не им е доста што се појавуваат со платена политичка програма со саати, а не со минути, дневните вести на телевизиите блиски до власта почнаа да изгледаат како ток шоу, на се изгледаат само не на дневно – информативни програми.

Медиумската машинерија работи на големо. Наводната партија од народот за народот при цела оваа немаштија и економска криза решија да откупат медиумски простор како кампања за Обама да прават. Па не им е доста што се појавуваат со платена политичка програма со саати, а не со минути, дневните вести на телевизиите блиски до власта почнаа да изгледаат како ток шоу, на се изгледаат само не на дневно – информативни програми. Многу „ферски“ сите добиваат „еднаков“ третман. Па по 40 изјави на нивните кандидати за градоначалници со „остварливи“ проекти следуваат две изјави на кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ со контра изјава за неговиот проект и уште дополнителни пет минути „трубење“ од водителот како не е остварлив проектот. Тоа што изненадува во последниов период е посебно уредениот простор во информативните емисии за одметнатите од СДСМ. Да не заборавам, многу е добро она од поранешниот градоначалник на Карпош „ти се бориш за Карпош, јас се борам за себе“ многу добро, подобро нема. Па дури преубави зборови за сите кој успеаа да ги свртат против СДСМ и коалицијата.

Дел од кампањата на ВМРО е тн. купување на гласови. Чиниш станува збор за добиток, а не за луѓе. На гладниот народот одат и му нудат брашно, млеко, зејтин и пари. Мојата порака до овие луѓе е следната - ДА, земете ги тие пари и намирници, тие се ваши, никој не може да ви каже за кого да гласате затоа што тие што сега евтино Ве купуваат се истите тие што Ве осиромашија.

Оваа битка, овие избори не се битка за сокачето, улицата или чешмата, ова се избори дали сакаме еднаш за секогаш да ставиме крај на ваквото однесување на власта. Ако пред некое време тепаа пратеници во Собранието утре ќе го истепаат и својот народ.

Гласот за промена на локалната власт е и глас за промена на централната власт и одењето на предвремените парламентарни избори и тогаш веќе нема да има договарање за датум, тие ќе бидат веднаш. Ќе се избориме за услови кои доликуваат на една модерна европска демократска држава и никој нема да се плаши за кој ќе го даде својот глас.

Затоа се бориме за иднината, СЕГА.
XS
SM
MD
LG