Достапни линкови

Ирански авион се доближил до американско беспилотно летало


Беспилотно летало Предатор

Беспилотно летало Предатор

Пентагон соопшти дека ирански борбен авион се доближил до американско надгледувачко беспилотно летало над Арапскиот залив. Портпаролот Џорџ Литл изјави дека инцидентот се случил во вторникот во меѓународни води.
Тој истакна дека ирански авион од типот Ф-4 дошол на помалку од 25 километри до невооруженото беспилотно летало Предатор, но се оддалечил по усното предупредување од страна на пилотот на американскиот авион кој бил во придружба.
Пентагон првично соопшти дека еден од двата авиона во придружба истрелале сигнална ракета, но подоцна официјални лица го негираа тоа. Литл додаде дека беспилотното летало извршувало рутинска надгледувачка мисија.
XS
SM
MD
LG