Достапни линкови

Лидерите на ЕУ расправаат за Сирија


Франсоа Оланд

Франсоа Оланд

Лидерите на ЕУ на самитот во Брисел денеска се очекува да разговараат за повикот на Франција за симнување на ембаргото за оружје за бунтовниците кои се борат против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека режимот не е заинтересиран за политичко решение на двегодишниот конфликт, додавајќи оти Европа не може да биде пасивна пред масакрирањето на Сиријците. Франција соопшти дека е подготвена да ги снабдува бунтовниците со оружје и ако ЕУ не го симне ембаргото, кое истекува на крајот од мај.
Велика Британија ја поддржува оваа идеја, но други членки, меѓу кои и Германија, се против.
Дебатата во Унијата доаѓа по извештаите дека Иран и Русија продолжуваат да го снабдуваат режимот со оружје.
XS
SM
MD
LG