Достапни линкови

logo-print

Северна Кореја ги обвини САД и Јужна Кореја за сајбер-напади


Северна Кореја ги обвини САД и Јужна Кореја за вршење сајбер- напади против некои официјални сајтови на комунистичкиот режим. Според информациите, неколку интернет страници, меѓу кои и на државната Корејска централна новинска агенција КЦНА и дневниот весник „Родонг Синмун“ се верува дека имале одредени пречки.
КЦНА ги обвини САД и како што велат, јужнокорејските марионети, дека градат капацитети за водење сајбер- војна, додавајќи оти Јужна Кореја и САД изведуваат заедничка воена вежба.
Тензиите на корејскиот полуостров ескалираа по третата нуклеарна проба на Северна Кореја во минатиот месец. Северот се закани дека ќе почне нуклеарна војна со САД.
XS
SM
MD
LG