Достапни линкови

logo-print

Десетици загинати и ранети во бомбашки напади во Багдад


Најмалку 23 лица загинаа, а десетици се ранети во серијата координирани бомбашки напади и упади во владини згради во центарот на Багдад. Официјални претставници соопштија дека вчера одекнале најмалку три експлозии, вклучувајќи и две автомобил- бомби и самоубиствен напад во близина на ирачкото министерство за правда и други владини објекти. Група вооружени лица се обиделе да ја заземат зградата на министерството и се судриле со безбедносните сили.
Засега никој не ја презеде одгвоорноста за нападите, кои доаѓаат на неколку дена пред одбележувањето на 10- годишнината од американската инвазија врз Ирак.
XS
SM
MD
LG