Достапни линкови

logo-print

Времето облачно со дожд и снег, попладне постудено


Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на денот, особено попладне, од север ќе се спушта постуден воздух и ќе овозможи на некои пониски места, особено во западните делови, врнежите од дожд да преминуваат во снег, меѓутоа интензитетот ќе слабее. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер претежно од северен правец.
Утринската температура се движи од три до седум, а дневната ќе биде од четири до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со повремен слаб дожд и со умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до шест степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време, особено в недела изутрина, кога се очекува намалување на облачноста и пониски утрински температури во интервал од минус 10 до минус три степени.
XS
SM
MD
LG