Достапни линкови

СДСМ ја обвини ВМРО ДПМНЕ за предвремен старт на изборната кампања


Шефот на Изборниот штаб на СДСМ Игор Ивановски

Шефот на Изборниот штаб на СДСМ Игор Ивановски

СДСМ денеска поднесе 210 претставки до Државната изборна комисија за поведување на прекршочна постапка против ВМРО-ДПМНЕ заради предвремено започнување на предизборната кампања и прекршување на член 69-а од Изборниот закон. Шефот на Изборниот штаб, Игор Ивановски изјави дека нивниот правен тим евидентирал дека во периодот од 16 февруари до 4 март на полноќ, пред официјално и законски да започне кампањата, кандидатите на ВМРО ДПМНЕ преку јавни собири, плакатирање, медиумско, интернет и друг тип на претставување директно ги прекршиле изборните правила свесно ставајќи се во повластена позиција. Според него, организаторот на кампањата на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ треба да плати, на име глоби, од 1.365.000 до 2.414.000 евра во денарска противвредност.
Ивановски најави дека сите дополнителни неправилности што ги прави ВМРО-ДПМНЕ ќе ги процесуираат до надлежните институции и ќе ги објават во т.н. „црна книга“.
XS
SM
MD
LG