Достапни линкови

logo-print

Серија експлозии во Багдад, 12 жртви


Во серија на експлозии во центарот на Багдад загинаа најмалку 12 лица, а околу 30 се повредени. Ирачките власти соопштија дека најверојатно се работи за координирани експлозии, кои се случиле во близина на неколку владини згради. Едниот напад бил извршен со автомобил бомба, а друг со самоубиствен бомбашки напад.
Според властите, по нападите милитанти се обиделе да влезат во министерството за правда при што се судриле со безбедносните сили. Се уште никој не ја презема одговорноста за организирање на нападите.
XS
SM
MD
LG