Достапни линкови

Балсамирањето на Уго Чавез можеби невозможно


Музеј на Воената Академија во Каракас

Музеј на Воената Академија во Каракас

Владата на Венецуела соопшти дека можеби ќе биде невозможно да се балсамира телото на починатиот претседател Уго Чавез, бидејки процесот требало да започне порано.
Чавез почина минатата недела на 58 години по две годишно боледување од рак. Неговото тело е на поставено во стаклен ковчег во Музејот на Воената Академија во Каракас за да можат граѓаните да му одадат почест.
Властите на Венецуела планираа по извесно време да го балсамираат Чавез на начин како што е тоа направено со Владимир Илиќ Лењин.
XS
SM
MD
LG