Достапни линкови

logo-print

Економијата во сенка на пофалбите и обвинувањата


Во предизборието, политичарите не се фокусирани врз актуелните економски проблематики, туку се фокусирани на прегледи на веќе оствареното и на меѓусебни караници и навреди, велат дел од политиколозите и стопанствениците.

Реалните и тековни проблеми во македонската економија се засенети од ветувањата и прегледите за веќе оствареното, се` во контекст на предизборните кампањи, сметаат упатените. Политиколозите и стопанствениците забележуваат дека реториката е повеќе фокусирана на навреди и прозивања наместо на предлози за остварливи локални иницијативи.
Јас мислам дека тие не подзабораваат, туку го игнорираат, затоа што друго е да подзаборавиш, друго е да игнорираш, воопшто да не ја имаш предвид реалната ситуација. Јас мислам дека поминуваат со темни очила преку тој факт.

Мендерес Кучи од Стопанската комора на северозападна Македонија вели дека во предизборието политичарите не се фокусирани врз актуелните економски проблематики.

„Јас мислам дека тие не подзабораваат, туку го игнорираат, затоа што друго е да подзаборавиш, друго е да игнорираш, воопшто да не ја имаш предвид реалната ситуација. Јас мислам дека поминуваат со темни очила преку тој факт, но за кратко време тоа ќе им се отслика во реалноста и ќе им дојде како будење од еден сон којшто сакаат тие да го сонуваат.“
Премиерот Никола Груевски присуствуваше на поставувањето камен-темелник на спортскиот центар Јане Сандански во скопската населба Аеродром.

Премиерот Никола Груевски присуствуваше на поставувањето камен-темелник на спортскиот центар Јане Сандански во скопската населба Аеродром.


Стопанствениците очекуваат што пореални ветувања во рамки на предизборната кампања, додава Кучи.

„Значи да ветуваме онолку колку што навистина можеме да исполнуваме колку и да е тоа малку, затоа што празните ветувања повеќе болат и потоа се враќаат како бумеранг на целото наше стопанство, но и на општиот живот на граѓаните во земјата.“
Се уште сите наши политички елити, без разлика дали се власт или опозиција, нивниот вербален настап повеќе е конкурентен во односот на меѓусебни караници и навреди и многу малку се фокусираат на она што на граѓаните им значи подобра благосостојба.

По дваесетгодишна транзиција граѓаните сакаат да слушнат за перспективни и остварливи проекти, вели политикологот Назми Малиќи.

„Се уште сите наши политички елити, без разлика дали се власт или опозиција, нивниот вербален настап повеќе е конкурентен во односот на меѓусебни караници и навреди и многу малку се фокусираат на она што на граѓаните им значи подобра благосостојба.“

Во досегашната кампања недостигаат јасни пораки до граѓаните.

„И за намалување на невработеноста која е во голема стапка, за еден подобар живот, за руралниот развој кој би имал смисла за младите да останат во местата во кои живеат. За жал во нивните настапи тие се однесуваат како да сакаат Македонија да ја гледаат без млади, затоа што анкетите покажуваат дека младите се повеќе својата перспектива ја гледаат надвор од својата родна земја.“

Додека политичарите видно се окупирани со предизборните кампањи, индустриското производство веќе седумнаесетти месец е во негатива а последните истражувања покажуваат дека повеќе од три четвртини од младите академци сакаат да ја напуштат Македонија.
XS
SM
MD
LG