Достапни линкови

Тројката си заминува од Грција без конкретен договор


Андонис Самарас

Претставниците на меѓународните кредитори на Грција денеска си заминуваат од Атина без финален договор со грчката Влада за повеќе структурни реформи.
МИА јави дека грчката страна тврди дека паузата во преговорите нема да предизвика проблеми околу доделувањето на следната рата од заемот за земјата. На синоќешниот состанок на премиерот Андонис Самарас со претставниците на ММФ, ЕК и ЕЦБ, не беше постигнат договор за намалувањето на бројот на јавните службеници и планот за исплата на фирмите и поединците кои должат пари за социјално осигурување.
И покрај застојот во преговорите, грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас инсистира на тоа дека двете страни се блиску до договор и оти следната рата од заемот за Грција во вредност од 2,8милијарди евра не е загрозена.
XS
SM
MD
LG