Достапни линкови

Филе загрижен за случувањата во Украина


Евро комесарот за проширување Штефан Филе го предупреди Киев дека неодамнешните "вознемирувачки" случувања во Украина може да го запрат потпишувањето на значајниот договор за политичкото здружување и за слободна трговија со Европската унија за што беше изразена заложба на неодамнешниот самит ЕУ-Украина.
Филе е загрижен во врска со неодамнешната одлука на Киев на адвокатот на затворениот лидер на опозицијата, Јулија Тимошенко да му се одземе неговото пратеничко место, потег што ја предизвика опозицијата да ја блокира работата на Парламентот.
Официјален Киев пак, се надева дека договорот, прв од ваков вид меѓу ЕУ и нејзините источни соседни, ќе биде потпишан во ноември на самитот во Литванија.
XS
SM
MD
LG