Достапни линкови

logo-print

Светските лидери го поздравија изборот на нов Папа


Светските лидери го поздравија изборот на нов Папа во Ватикан, аргентинецот Хорхе Марио Бергољо. Новиот 266 поглавар на Римокатоличката Црква реши да го носи името Франсис Први.
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека изборот на Папа кој доаѓа од американското тло е јасен сигнал за регионата сила и виталност. Тој додаде дека однапред се радува на соработката со новиот Папа и очекува тој да промовира мир, безбедност и достоинство на луѓето од сите вери.
Честитки пристигнаа и од генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун кој изјави дека се надева оти Френсис ќе продолжи да го промовира меѓуверскиот дијалог.
Руската православна црква изрази надеж дека односите меѓу двете цркви ќе се развијат во позитивен дух.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ова се особено среќни денови за христијаните од Латинска Америка.
XS
SM
MD
LG