Достапни линкови

Ештон во посета на Приштина


Еврокомесарката за надворешни работи Кетрин Ештон денеска пристигна во Косово каде ќе се сретне со политичките лидери на земјата. Тие ќе разговараат за дијалогот меѓу Приштина и Белград кој се води во Брисел. Посетата на Ештон доаѓа по последната средба во понеделникот на лидерите на Србија и Косово во Брисел. Српскиот претседател Томислав Николиќ во понеделникот изјави дека е постигнат договор за поголема автономија во северно Косово. Косовскиот премиер Хашим Тачи ги негираше тврдењата на Николиќ, соопштувајќи дека европските претставници не спомнале никаков договор. Напредокот во преговорите на Белград со Приштина може да помогне во отварањето на вратата на ЕУ за преговори за членство на Србија.
XS
SM
MD
LG