Достапни линкови

Директорот задолжен за Андроид во Гугл се повлече од функцијата


Директорот во интернет гигантот Гугл Енди Рубин задолжен за развој на Андроид опреативниот систем за смартфони и таблети се повлече од функцијата. Во соопштението од компанијата е наведено дека неочекуваното повлекување на првиот човек од таа позиција укажува само на фактот дека развојот на оперативниот систем има потреба од нов пристап. Гугл во 2008-мата година започна бесплатно да го дистрибуира Андроид оперативниот систем за производство на мобилни уреди. Тој оперативен систем се користи на повеќе од 750 видови на мобилни телефини и таблет компјутери.
XS
SM
MD
LG