Достапни линкови

Временска прогноза- студено и врнежливо


Времето во Македонија ќе биде облачно со обилни врнежи од дожд. Локално ќе има појава на невреме со поројни врнежи, грмежи и услови за изолирана појава на град. Ќе дува засилен, повремено и силен јужен ветер со брзина над 90 километри на час. Температурата ќе се движи пет до 15 степени. Во Скопје слично време, со температура до 14 степени.
Во петок ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а поради заладувањето со северен ветер попладне снег ќе има и на некои пониски места.
За време на викендот времето ќе биде претежно стабилно и студено со ниски температури кои во недела сабајле на места се очекува да се спуштат и под минус 10 степени.
XS
SM
MD
LG