Достапни линкови

Бугарија ја намали прогнозата за економски раст


Бугарскиот министер за финансии во привремената влада Калин Христов ја намали денеска прогнозата за раст на економијата за оваа година на еден до 1,5 отсто од претходните 1,9 отсто.
Според него, таквите прогнози се условни и се базирани врз очекувања за дополнително опоравување на еврозоната која е клучен трговски партнер на Бугарија. Лани земјата имаше економски раст од 0,8 отсто, што беше под владината прогноза од 1,4 отсто.
XS
SM
MD
LG