Достапни линкови

logo-print

„Франкофонија Планетариум“ на Урдин во Музеј на град Скопје


„Франкофонија Планетариум“, мултимедијален проект на уметникот Киро Урдин, постер.

„Франкофонија Планетариум“, мултимедијален проект на уметникот Киро Урдин, постер.

„Франкофонија Планетариум“ е насловен мултимедијалниот проект на уметникот Киро Урдин со кој, утревечер во 20 часот, во Музеј на град Скопје, свечено ќе започнат традиционалните Денови на франкофонијата во Република Македонија. Станува збор за единствена инсталација која ги вклучува неговите слики, филмови, фотографии и моќни афоризми.

Киро Урдин е академски сликар, уметник, режисер и поет на светски глас кој целата своја енергија за творење ја црпи од земјата на Сонцето, од родната Македонија. Со двојно државјанство – македонско и француско, заради тоа што е космополит, човек кој му припаѓа на светот, љубител на планетата Земја и основач на хуманистичкото и уметничкото движење Планетаризам, тој наедно е и симбол на сето она што го претставува франкофонијата како систем на универзални вредности како културната и јазичната разноликост, одржливиот развој, солидарноста, правата на човекот, демократијата, правото на образование и толеранцијата.
Господинот Киро Урдин е еден од најголемите живи македонски уметници кои што имаат меѓународна кариера, меѓународно реноме и за кој можеби и нема потреба многу да се зборува. Тој наедно совршено ја симболизира длабоката и плодна врска помеѓу Франција и Република Македонија.

И, кога ова е веќе познато, нималку не чуди, што во предвечерието на неговото ново обемно претставување во Музеј на град Скопје во рамките на традиционалната манифестација која овојпат е насловена како „Пролет на Франкофонијата“, амбасадорката на Франција во Република Македонија – г-ѓа Лорен Оер, ќе забележи дека тој не само што е еден од најголемите живи македонски уметници туку е и симбол за длабоката врска помеѓу двете земји.
Киро Урдин, сликар.

Киро Урдин, сликар.


„Господинот Киро Урдин е еден од најголемите живи македонски уметници кои што имаат меѓународна кариера, меѓународно реноме и за кој можеби и нема потреба многу да се зборува. Тој наедно совршено ја симболизира длабоката и плодна врска помеѓу Франција и Република Македонија.“

Голем број на интелектуалци доаѓале токму во Париз за да го почувствуваат тој мултимедијален простор на духот каде секој може да го најде својот пат или својата инспирација и потоа да отпатува како птица како што јас сега патувам насекаде. Тоа е она што е фасцинантно и не случајно Париз го викаат Градот на светлината, не е тоа симбол само за светлината туку за светлината на духот. Јас тоа така го толкувам.
„Франкофонија Планетариум“ е уникатен перформанс, всушност, синтеза на различни уметности, како што се сликарството, филмот, фотографијата, музиката и книжевноста, со кој Киро Урдин, на ваков начин ни се претставува по скоро две децении од својата последна пројава во татковината. Од таму, потсетувајќи се на својот животен и творечки пат во кој 1974 година зазема клучно место бидејќи тогаш некогашниот новинар одлучил да замине во Париз за да стане сликар, уметникот со анегдоти и бирани зборови говори за Градот на светлината.

„Голем број на интелектуалци доаѓале токму во Париз за да го почувствуваат тој мултимедијален простор на духот каде секој може да го најде својот пат или својата инспирација и потоа да отпатува како птица како што јас сега патувам насекаде. Тоа е она што е фасцинантно и не случајно Париз го викаат Градот на светлината, не е тоа симбол само за светлината туку за светлината на духот. Јас тоа така го толкувам.“

Иван Митевски, режисерот на филмот „Планетариум“ (работен во копродукција со МРТВ во 2006 година), пак, истакнува дека е горд што е дел од тимот што го потпиша ова остварување бидејќи, како што вели, „големата слика и идеја започнува со Македонија“.

„Големата слика и идеја започнува со Македонија, од нашиот Свети Наум. И таа слика се движи низ целата планета, во сите бои, раси, вери, во најголемите стратешки места на нашата планета и не случајно завршува во Европа, во Белгија каде што е центарот на Европската унија изразувајќи ја нашата желба и реалноста дека и ние еден ден ќе станеме нејзина членка.“

Кон, ова само уште информацијата дека постановката на Урдин како организатор ја потпишува Францускиот институт во соработка со Музеј на град Скопје и невладината организација „Добредојде – Macedonia Welcome Center“.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG