Достапни линкови

СДСМ обвинува за предизборни вработувања во Битола


Широк Сокак, Битола.

Широк Сокак, Битола.

Општинската организација на СДСМ од Битола обвини дека се спроведени 13 вработувања во битолските градинки во предизборниот период. Битолскиот градоначалник, пак, вели дека вработувањата се законски.

Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз од Битола обвини дека се спроведени 13 вработувања во битолските градинки во предизборниот период, спротивно на Законот за спречување корупција и изборниот законик кои не дозволуваат вработувања во државана администрација од денот на распишување до завршување на изборите.
Денот кога се распишаа локалните избори на веб страницата на Агенцијата за администрација објавуваат јавни конкурси за вработувања.

„Во истиот ден 11 јануари, денот кога се распишаа локалните избори на веб страницата на Агенцијата за администрација објавуваат јавни конкурси за вработувања. На 21 јануари има записник за извршена административна селекција. На 4 февруари испит за јавен службеник и на 4 март реализирани 7 вработувања во градинката Естреја Овадија Мара со потпис на директорката Илустрација -Деца во градинка.

Илустрација -Деца во градинка.

и 6 вработувања на неопределено време од директорката на градинката Мајски цвет“, обвини Весна Бендевска, пратеник на СДСМ од Битола.

Таа најави дека за ваквите дејствија ќе поднесат кривични пријави против директорките на двете градинки.
Јас тврдам дека тоа е најзаконски. Тие вработувања беа во тек и се дозволени и од Антикорупциска комисија.

„Заради ваквото еклатантно кривично дело пред основното јавно обвинителство ќе поднесеме барање за утврдување кривична одговорност и на госпоѓа Лидија Петровска, директор на „Естреја Овадија Мара“ и на госпоѓа Лидија Митревска, директор на „Мајски цвет“ за основано сомнение дека извршиле кривично дело поткуп при избори и недозволено влијание врз слободниот избор на гласачите“, додаде Бендевска.

Владимир Талески, кој е во трка за трет градоначалнички мандат во Битола, а како актуелен градоначалник со децентрализацијата има ингеренции да одлучува за воспитните установи во градот, вели дека вработувањата се законски.

„СДСМ може да пишува кривични пријави. Јас тврдам дека тоа е најзаконски. Тие вработувања беа во тек и се дозволени и од Антикорупциска комисија. Од СДСМ не очекувам ништо повеќе освен лаги, закани и манипулации зашто ништо повеќе не видовме“, изјави Талески.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG