Достапни линкови

Лустрацијата повторно пред Уставен


Законот за лустрација повторно се најде пред Уставниот суд. Во изминативе години, највисокиот суд укинува одредби во законот, но Собранието ги враќа.

Уставниот суд на денешната седница ќе расправа за законот за лустрација откако Хелсиншкиот комитет за човекови права и пензионираниот адвокат Стамен Филипов во септември мината година поднесоа иницијатива до судот за оценување на 13 одредби од законот за лустрација донесен во јуни 2012.
Во одделни случаи, во одделни постапки против одделни лица повеќе како да има белези на одреден реваншизам, на одредено политичко етикетирање, отколку навистина дека треба да се спроведува лустрацијата.

Иницијативата се однесува на временскиот период опфатен со Законот и одредбите кои дозволуваат објавување на имињата на поранешни соработници без судски налог, само со одлука на Комисијата за лустрација. Законот од неговото донесување во 2008 три пати се најде пред Уставниот суд. Во јавноста пак предизвикува постојани контроверзи кои се однесуваат на начинот на кој тој се спроведува како и со неговата политизација.

„Во одделни случаи, во одделни постапки против одделни лица повеќе како да има белези на одреден реваншизам, на одредено политичко етикетирање, отколку навистина дека треба да се спроведува лустрацијата“, посочува професор Осман Кадриу.
Тие одредби кои се вградени, а беа во претходните закони за лустрација, а Уставниот суд ги укина, Комисијата беше должна и сега е должна да не ги примени тие одредби.

Стручната јавност се огласуваше често во врска со пропустите во работата на комисијата. Еден дел од нив се однесуваат на конкретните случаи, а еден дел од нив и на примената на одредбите кои биле укинати, а станаа дел и од новиот закон донесен минатотото лето.

„Тие одредби кои се вградени, а беа во претходните закони за лустрација, а Уставниот суд ги укина, Комисијата беше должна и сега е должна да не ги примени тие одредби“, вели Кадриу.

Тој вели дека ако повторно се случи Уставниот суд да ги укине истите одредби, по нив комисијата нема да може да работи. Нејзиниот легитимеитет беше преиспитуван во јавноста па дури и од страна на предлагачот на законот Стојан Андов и по други основи како што е одминатиот мандат на претседателот на комисијата Аџиев, а потоа и со оставките на двајцата нејзини членови од редовите на опозицијата.

На својата страница, комисијата за верификација на факти има објавено имиња на 47 соработници на тајните служби, последните тројца од редовите на пртедложените кандидати на листите за советници во општините. Голема бура и полемики во јаввноста предизвика објавувањето на имињата на претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски и раководителот на Институтот отворено општество. Владимир Милчин кој ова го прогласи за политички линч од страна на власта.
XS
SM
MD
LG