Достапни линкови

Северна Европа окована во снег и мраз


Новиот снег и мраз во делови од централна Европа, предизвикаа откажување на стотици летови, прекини во железничкиот сообраќај и големи проблеми во патниот сообраќај. На луѓето им се препорачува подобро да останат дома. Вчера на аеродромот во Франкфурт беа откажани околу 800 летови од планираните 1.200, а и денеска и нови откажувања. Околу 3.000 луѓе ноќта ја поминале на аердромот. Патниот сообраќај на повеќе места во Германија е блокиран и се создаваат километарски колони, а имало и повеќе сообраќајни несреќи. Не се очекува подобрување на ситуацијата и во наредните неколку дена. Слични проблеми има и во северо-западна Франција и во јужна Англија. Железничката линија под Ла Манш, која ги поврзува Лондон, Брисел и Париз, исто така беше во прекин.
XS
SM
MD
LG