Достапни линкови

Одбојкарите за првпат на квалификации за Светско првенство


Одбојкарите за првпат ќе играат квалификации за Светско првенство. Патот е преку три квалификациски фази.

Македонската машка одбојкарска репрезентација годинава за прв пат ќе настапи во квалификации за пласман на СП (во Полска, 3-21 септември 2014 година), а нашата федерација ќе биде организатор на турнирот од првата фаза, во кој ќе ги одмериме силите со Црна Гора, Албанија и со Украина.
Ова може само да биде само позитивно за македонската одбојка, за сите играчи коишто обично во годината кога немаме квалификации за ЕП, остануваат без каков било ангажман што се однесува до репрезентативниот ангажман. Оваа година за среќа овие квалификации ги имаме, плус ќе имаме и Медитерански игри. Што значи дека оваа година ќе ни биде фул, многу работна и многу труд ќе треба да вложиме за на тие две цели што ги имаме да бидеме успешни.
Александар Тасевски, селектор на машката одбојкарската репрезентација.

Вака одлучи Европската одбојкарска конфедерација(ЦЕВ), која им даде шанса на 45 селекции од Стариот континент, преку три квалификациски фази да се борат за шест мундијалски визи. Ќе биде многу тешко да се дојде до една од нив, но за нас е најзначајно што репрезентацијата добива можност за нови активности, а со тоа и за напредок на меѓународната сцена.

„Ова може само да биде само позитивно за македонската одбојка, за сите играчи коишто обично во годината кога немаме квалификации за ЕП, остануваат без каков било ангажман што се однесува до репрезентативниот ангажман. Оваа година за среќа овие квалификации ги имаме, плус ќе имаме и Медитерански игри. Што значи дека оваа година ќе ни биде фул, многу работна и многу труд ќе треба да вложиме за на тие две цели што ги имаме да бидеме успешни“, рече селекторот на нашиот национален тим, Александар Тасевски.
Да не сум јас во оваа позиција и јас би рекол баш по мерка. Меѓутоа не постои противник по мерка, не постои противник кој што е лесен, треба да се победи нели? За мерката да им се земе треба многу да се вложи труд, добри подготовки, добра желба и може се да се оствари. Значи ќе биде голема борба сигурно, ќе дадеме се од себе, играчите се расположени, се спремни да се стават максимално на располагање на репрезентацијата, така што тоа ми влева оптимизам.
Александар Тасевски, селектор на машката одбојкарската репрезентација.

Тој, заедно со неговите избраници, првото годинашно искушение ќе го има кон крајот на мај (23-26 мај), кога во дуелите со Црна Гора, Албанија и Украина ќе се бори за првото место во групата, а со тоа и за пласман во втората квалификациска рунда од мундијалските квалификации. Имајќи го предвид рејтингот, како и фактот што ќе играме на домашен терен(сè уште не се знае во кој град), во јавноста е присутно убедувањето дека добивме противници по мерка за минување на првата пречка на патот до Полска. Кормиларот признава дека тоа е и негово мислење, иако не пропушта да истакне дека тоа е многу полесно да се каже отколку да се реализира.

„Да не сум јас во оваа позиција и јас би рекол баш по мерка. Меѓутоа не постои противник по мерка, не постои противник кој што е лесен, треба да се победи нели? За мерката да им се земе треба многу да се вложи труд, добри подготовки, добра желба и може се да се оствари. Значи ќе биде голема борба сигурно, ќе дадеме се од себе, играчите се расположени, се спремни да се стават максимално на располагање на репрезентацијата, така што тоа ми влева оптимизам“, додаде селекторот Александар Тасевски.

Инаку, втората квалификациска фаза за Мундијалот во Полска ќе се игра од 2 до 6 октомври. Тогаш, повторно преку турнири со еднокружен систем, ќе се добијат осумте патници во финалната рунда. Таа, пак, е закажана за првиот викенд од наредната година (3-5 јануари 2014 година), кога 20 селекции (12-те директни учесници, благодарение на највисокиот рејтинг и осумте победници во групите од втората фаза), поделени во пет групи, ќе се борат за шест од деветте европски визи (покрај домаќинот и финалистите на годинашното ЕП, пласман на СП ќе обезбедат и победниците во групите, како и најдобрата второпласирана репрезентација во финалната квалификациска фаза) за Мундијалот на кој ќе учествуваат 24 селекции.

За одбележување е и тоа што по повеќегодишна неактивност, во квалификации за СП ќе настапи и македонската женска репрезентација. И дамите за пласман на Мундијалот ќе треба да минат три квалификациски фази, а нашите одбојкарки во првата рунда (од 23 до 26 мај) ќе бидат дел од турнирот на кој, покрај со домаќинот Црна Гора, ќе ги одмерат силите и со селекциите на Босна и Херцеговина и на Хрватска.
XS
SM
MD
LG