Достапни линкови

logo-print

Путин со подршка за Абхазија


Рускиот претседател Владимир Путин, во Москва, се состана со лидерот на грузијската отцепена република Абхазија, Александар Анкваб. Според Кремљ, двајцата лидери разговарале за целите што сакаат да ги постигнат во блиска иднина и за развој на меѓусебната соработка. Анкваб му се заблагодарил на Путин за подршката на Абхазија. По кратката војна со Грузија, во август 2008-ма, Русија ги призна Абхазија и Јужна Осетија како независни држави. Грузија сеуште ги смета како дел од нејзина територија.
XS
SM
MD
LG