Достапни линкови

logo-print

На Марс можело да се живее


Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека примероците земени од роверот „Кјуриозити“ од површината на Марс покажале дека на Црвената планета некогаш можело да има услови за живот. Станува збор за откриени вода и минерали кои се основа за развој на животните форми.

Научниците од американската вселенска агенција најновите наводи ги објавија седум месеци откако „Кјуриозити“ слета на Марс и еден месец откако роверот почна да ја користи својата роботска рака и да копа длабоко во внатрешноста на една карпа.
Мислам дека најдовме животна средина која е толку безопасна што доколку би биле на таа планета во времето кога таму течело вода тогаш би биле во можност таа вода и да ја пиете.

Она што притоа било најдено, според научниците на НАСА, се вода, глина, сулфати и други материјали кои се основни елементи за живот.

„Можете да замислите за какво олеснување станува збор. Слетувате таму и веднаш на дофат на раката наоѓате докази за вода и гледате древно речно корито. Ние сега наоѓаме животната средина веднаш под површината што можело да биде погодна за живеење во минатото. За мене ова е фантастично. Сите индикации велат дека на Марс некогаш постоела населива животна средина“, вели Мајкл Маер, еден од водечките научници на НАСА.

Џон Гроцингер, пак, смета дека во таа област некогаш течела вода.

„Мислам дека најдовме животна средина која е толку безопасна што доколку би биле на таа планета во времето кога таму течело вода тогаш би биле во можност таа вода и да ја пиете.“

За научникот Дејвид Блејк станува збор за големо откритие.

„Мислам дека најверојатно ова е единствената животната средина погодна за живеење што досега ја имаме опишано и евидентирано. Постојат места за кои сметаме дека би можело да има живот, но се уште не сме ги истражиле.“

НАСА соопшти дека „Кјуриозити“ во мај ќе почне да копа на површината од кратерот Гејл со цел да открие дали таму има органски соединенија.

Претходно роверите на НАСА „Опортјунити“ и „Спирит“ исто така најдоа докази дека на Марс некогаш течела со вода. Но, во тоа време научниците на НАСА оценија дека водата била премногу отровна за развој на едноклеточни организми, микроби.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG