Достапни линкови

logo-print

НАСА - На Марс има услови за живот


Марс

Марс

Тестовите од почвата на Марс покажуваат дека на Црвената планета пред долго време можеби имало живот. Научниците од НАСА ги соопштија откритијата од леталото Кјуриозити(љубопитност) кое слета на Марс пред седум месеци.

Тестовите покажале дека планетата ги има сите елементи за да може да има живот. Главниот научник на програмата за истражување на Марс во НАСА Мајкл Маер на вчерашната прес-конференција рече дека примероците од почвата на Марс, кои биле испитани во лабораторијата во леталото, содржат сулфур, водород, азот, кислород, фосфор и јаглерод.

„Основно прашање на оваа мисија е дали Марс може да поддржи средина за живот. Од она што го знаеме, одговорот е да“, рече тој.

Леталото Кјуриозити кое е тешко 900 килограми слета во кратерот Гејл на Марс во август, со што ја почна двегодишната мисија во потрага по знаци дека на Марс некогаш имало микробиолошки живот.
XS
SM
MD
LG