Достапни линкови

logo-print

Кардиналите вчера не избраа папа, конклавата продолжува денеска


Кардиналите денеска повторно ќе се обидат на изберат нов Папа, откако вчера од оџакот на Сикстинската капела во Ватикан се издигна црн чад како знак дека 115-те кардинали не избрале поглавар на католичката црква. Вратите на Сикстинската капела беа затворени вчера по што започна конклавата за избор на Папа. Во зградата се само кардиналите, а на сите други луѓе им беше наредено да излезат надвор. Пред еден месец, Папата Бенедикт XVI ги изненади 1,2 милијарди католички верници кога се повлече и со тоа стана прв папа по 600 години што се повлекол од позицијата.

По секој круг гласање, кардиналите ги палат ливчињата. Ако не избрале Папа, од оџакот излегува црн чад. Кога ќе изберат Папа, над Сикстинската капела ќе излезе бел чад.
XS
SM
MD
LG