Достапни линкови

Бомбашки напади врз конзервативни политичари во Солун


Грчки полицајци.

Грчки полицајци.

Во трите одвоени напади во Солун со мали рачно изработени бомби врз канцеларии на грчки истакнати конзервативни политичари вчера нема повредени, иако е предизвикана значителна материјална штета, соопшти грчката полиција.

Цел на напад беше приватната канцеларија на грчкиот заменик министер за развој Ставрос Калафатис, каде што пожарот предизвика голема материјална штета. Канцелариите на пратениците од редовите на конзервативците Јоргос Орфанос и Костас Јулекас, претрпеа помали штети.

Во нападите се користени мали бутан бомби, а во Грција се чести и нападите со молотови коктели што вообичаено ги извршуваат крајно левичарски и анархистички групи.
XS
SM
MD
LG