Достапни линкови

Барселона го разнесе Милан


Лионел Меси уште еднаш потврди дека е најдобар фудбалер на планетата

Лионел Меси уште еднаш потврди дека е најдобар фудбалер на планетата

Фудбалерите на Барселона се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако во реванш натпреварот од осминафиналето убедливо го совладаа Милан со 4:0. Првите два гола за Каталонците ги постигна најдобриот фудбалер на светот Лионел Меси во 5-та и во 40-та минута, со што уште во првото полувреме беше анулирана предноста на Милан од првиот меч. На 3:0 зголеми Давид Виља во 55-та минута, а конечниот резултат го постави Жорди Алба во 92-та минута.
Во вториот натпревар вечерва Галатасарај како гостин го победи Шалке со 3:2 и се пласира во четвртфиналето, бидејќи во првиот меч беше 1:1. Головите за Шалке ги постигнаа Нојштедер во 17-та и Бастос во 63-та минута, а за Галатасарај стрелци беа Алтинтоп во 37-та, Јилмаз во 42-та и Булут во 95-та минута.
Во последните два натпревара од осминафиналето се среќаваат Баерн- Арсенал (во првиот натпревар Баерн победи со 3:1) и Малага- Порто ( Португалците во првиот меч победија со 1:0).
XS
SM
MD
LG