Достапни линкови

Условна казна од 7 месеци за учесниците во тепачките на Кале


Тепачките на Кале

Скопскиот Кривичен суд на учесниците во тепачките на скопското Кале во февруари 2011 година им додели условни казни од седум месеци, при што се обврзани да не го повторат делото во наредните две години. Денешната пресуда е втора за ова кривично дело откако на првата пресуда обвинетите заработија условна казна од три месеци.
Одбраната соопшти дека не е задоволна од пресудата која е построга од првата. Масовната тепачка на Кале, во која имаше и осуммина повредени, се случи поради изградба на црквата.
XS
SM
MD
LG