Достапни линкови

ОН регистрирале зголемено кршење на човековите права во Иран


Ахмед Шахид

Ахмед Шахид

Специјалниот претставник на ОН за состојбата со човековите права во Иран Ахмед Шахид изјави дека во земјата има низа на сериозни проблеми кои треба итно да се решат. Говорејќи пред Советот за човекови права на ОН во Женева, Шахид рече дека кршењето на човековите права во Иран е зголемено. Тој ја наведе високата стапка на егзекуции за дела кои не се сметаат за подобни за таков вид на казна, според меѓународното право.
Спред него, загрижува и дескриминацијата на верска и етничка основа, непочитувањето на политичките и цивилните права, како правото на слободно изразување.
XS
SM
MD
LG