Достапни линкови

logo-print

Сирија, Кина и Иран најголеми непријатели на интернетот


Организацијата „Репортери без граници“ во денешниот извештај наведува дека во Кина, Иран, Сирија, Бахреин и Виетнам се врши најголемата цензура, но и најголемото цензурирање преку интернет. Во извештајот „Непријатели на интернетот“ исто така се издвојуваат пет компании за кои се вели дека се таканаречени „платеници на дигиталната ера“ кои им помагаат на репресивните режими. Во извештајот се прецизира дека Кина се развила во една од најголемите дигитални империи во светот која може да ги филтрира странските веб сајтови. Иран пак, како што се додава, создавал изолиран интеренет систем кој официјален Техеран го оправдува со потребата да се заштител од странски сајбер напади врз иранските нуклеарни инсталации.
XS
SM
MD
LG