Достапни линкови

Фокландските острови остануваат под Британија


Луѓето кои живеат на Фокландските острови на вчерашниот референдум со огромно мнозинство се изјаснија да останат под Британија. Според резултатите, 98.8 насто од 1670 жители со право на глас биле за останување под Британија, а само тројца против. Референдумот не е признат од Аргентина која смета дека Фокландските острови се дел од нејзината национална територија што им биле одземени пред 180 години. Двете земји за овие острови водеа војна во 1982 година.
XS
SM
MD
LG