Достапни линкови

logo-print

Ватикан: започнува гласањето за нов папа


Кардиналите се подготвуваат за тајното гласање за избор на 266 –тиот папа на Римокатоличката црква. 115 кардинали од 48 земји ќе влезат во Систинската капела попладне на конклава. За најсилни кандидати се сметаат италијанецот Анџело Скола и бразилецот Одило Шерер кои би можеле да соберат 77 гласови колку што се неопходни за избор. Гласовите ќе бидат запалени за да покажат како гласале кардиналите. Белиот оган од оџакот над капелата значи дека е донесена одлуката а црниот дека не е. Гласањето може да трае и со денови.
XS
SM
MD
LG