Достапни линкови

logo-print

На повидок договор меѓу Белград и Приштина


Претседателот на Србија Томислав Николиќ синоќа во Брисел изјави дека е на повидок договор меѓу Белград и Приштина.

Претседателот на Србија Томислав Николиќ синоќа во Брисел изјави дека е на повидок договор меѓу Белград и Приштина. Тој ова го изјави по состанокот на српскиот државен врв со високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедност Кетрин Ештон.

„Ова беше состанок од кој во наредните десет денови сигурно ќе произлезат и резултати. Се надевам дека тие ќе бидат такви да можеме да насетиме дека ќе дојде до договор меѓу нас и Приштина и оти тоа може да биде поттик за Европската унија конечно да ги почне преговорите за членство со Србија.“

Кетрин Ештон, пак, соопшти дека во текот на средбата со Николиќ, премиерот Ивица Дачиќ и првиот потпретседател на владата Александар Вучиќ бил разгледан досегашниот напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина, како и примената на веќе постигнатите спогодби, но и потребата за финализирање на разговорите за сите отворени прашања, пред се на северот на Косово.
Мислам ја уверивме Ештон дека Србија е приврзана кон членство во Унијата и оти ќе направиме многу од тоа што до пред неколку месеци воопшто не беше ни замисливо.

„На состанокот го нагласив значењето на постигнувањето договор за отворените прашања меѓу двете страни што е можно поскоро.“

Како и Ештон, и Николиќ додаде дека разговорите биле многу отворени и оти Србија нема време за губење. Тој оцени дека Ештон оваа недела оди во Приштина со единствен став на Белград околу тоа што Србија може да прифати, а што не.

„Мислам ја уверивме Ештон дека Србија е приврзана кон членство во Унијата и оти ќе направиме многу од тоа што до пред неколку месеци воопшто не беше ни замисливо“, рече Николиќ, кој додаде дека дошло и до попуштање во ставовите на Приштина и оти постои можност договорот да биде постигнат на 20 или 28 март.

На состанокот го нагласив значењето на постигнувањето договор за отворените прашања меѓу двете страни што е можно поскоро.
Тој негираше дека во разговорите со Ештон станало збор и за некои неофицијални документи. Тоа го потврди и Маја Коцијанчиќ, портпаролката на Ештон по завршувањето на разговорите во Брисел.

„Секако, во дијалогот Ештон разговара конкретно за елементите на можното решение како со српскиот, така и со косовскиот премиер кои се главни соговорници во дијалогот. За истите елементи е разговарано и сега“, изјави Коцијанчиќ, додавајќи дека ако биде постигнат договор, тогаш шансите на двете страни за побрз пат до ЕУ значајно се зголемуваат.

Српскиот државен врв замина во Брисел по застојот на преговорите во врска со формирањето заедница на српски општини на Косово.

„Таа заедница не може да донесува закони, но може да донесува свои правила во рамките на законите. Скоро сите држави на ЕУ имаат исти закони, но има и многу заедници кои живеат мирно и слободно. И ние бараме такви правила да бидат применети и за српската заедница“, изјави Николиќ.

Идната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина е најавена за 20 март, а на 16 април Ештон треба да го извести Советот на министрите на ЕУ за резултатите од разговорите и да ја изнесе препораката дали на Србија треба да и биде одобрен датум за преговори со Унијата.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG