Достапни линкови

Бомбашки напад во Пакистан, двајца загинати


Во бомбашки напад во пакистанскиот град Карачи загинаа најмалку две лица, а неколку се повредени. Експлозијата се случила пред една продавница за цигари, а локалната полиција соопшти дека уште три продавници и неколку возила биле оштетени. Според првичната истрага, бомбата била поставена на моторцикл и била детонирана со тајмер. Се уште никој не презема одговорност за нападот.
XS
SM
MD
LG