Достапни линкови

Самарас-економската состојба на Кипар ја засега Грција


Грчкиот премиер Антонис Самарас

Грчкиот премиер Антонис Самарас

Грчкиот премиер Антонис Самарас изјави денеска дека економските проблеми на Кипар директно ја засегаат Грција и дека двете земји ќе ја координираат својата политика во пресрет на самитот на еврозоната што се одржува кон крајот на неделата. Самарас по состанокот со новоизбраниот кипарски претседтаел Никос Анастасијадис рече дека односите на Грција со Кипар се братски и тоа не смее да се заборави.
Во рамките на пакетот помош договорен минатата година, долгот на Грција кон приватните кредитори, меѓу кои и кипарските банки, е делумно опростен.
XS
SM
MD
LG