Достапни линкови

Балканската митологија и политика во македонски стрип


Златко Крстевски, стрип уметник.
Златко Крстевски, стрип уметник.

Со идеја, покрај познатите балкански автори, да бидат промовирани и македонските творци, деновиве како издание на „Визант“ излезе „Пегазус 21“ првиот печатен домашен стрип магазин во кој посебен акцент е ставен на митологијата, научно фантастичните стории и политиката од овие простори.

Стрипови на докажаните балкански автори како Игор Кордељ, Миодраг Ивановиќ Микица, Ненад Бариниќ, Дражен Ковачевиќ и други се публикувани во првиот број на „Пегазус 21“, првиот печатен македонски стрип-магазин. Во него, на 226 страници, посебен акцент е ставен на митологијата на овие простори и на научно фантастичните стории, а зад објавата како издавач застана Центарот за визуелна уметност „Визант“.
Презентирајќи ги публикациите на „Визант“ на неколку стрип фестивали, како оние во Винковци, Макарска, Лесковац, бидејќи во Македонија ние немаме такви изданија се нафативме на еден ризичен потфат – да направиме издание во кое на едно место ќе ги собереме балканските автори кои работат овде или надвор и кои се познати и непознати, признати и помалку објавувани.
Златко Крстевски, стрип автор.

„Презентирајќи ги публикациите на „Визант“ на неколку стрип фестивали, како оние во Винковци, Макарска, Лесковац, бидејќи во Македонија ние немаме такви изданија се нафативме на еден ризичен потфат – да направиме издание во кое на едно место ќе ги собереме балканските автори кои работат овде или надвор и кои се познати и непознати, признати и помалку објавувани“, истакнува Златко Крстевски, стрип автор и еден од големите борци за промоција на деветтата уметност кај нас.

Тој дополнува дека, во стриповите на некои од овие творци како Исток Ситар од Словенија(во стрипот „Како Загор стана комунист“), познатиот графички уметник Никола Чурчин и професор Александар Опачиќ од соседна Србија(„Тома Николиќ за детството и младоста – Чував крави и ги слушав БИТЛСИ“), најдиректно се чувствува влијанието на политиката, но дека тие на свој посебен креативен начин полн со иронија и сарказам се бават со овие теми.
Тоа е фиктивна приказна за едно имагинарно Скопје и за една група на млади луѓе кои во него ги бараат своите љубови. Еден рок бенд околу кој сè се врти. „КШЦ“ е всушност неговото име.
Матеј Богдановски, стрип автор.

Насловната страница на „Пегазус 21“ е дело на Смиле Цветановски, а во изданието се застапени и стрипови на македонските автори меѓу кои се Дарко Богданов, Ацо Поповски и Матеј Богдановски.

Богдановски истакнува дека од голема важност е појавата на овој стрип магазин затоа што на едно место се застапени бројни балкански автори и на тој начин може да се има увид во она што тие го творат, а згора на тоа, како што вели, ова е убава можност за промоција на македонските уметници пред пошироката публика. Тој дополнува дека во „Пегазус 21“ е претставен со неговата прва публикација, графичката новела „КШЦ“ од 2010 година.

„Тоа е фиктивна приказна за едно имагинарно Скопје и за една група на млади луѓе кои во него ги бараат своите љубови. Еден рок бенд околу кој сè се врти. „КШЦ“ е всушност неговото име“, вели Богдановски.

Покрај ова, „Пегазус 21“ содржи омажи за големиот македонски стрип мајстор Љубомир Филипов(1947 – 2000), за респектираниот пријател Бранко Плавшиќ(1949 – 2011) и за визуелната поезија на Горан Крстевски. Згора на тоа, претставен е и современиот хрватски стрип, а во периодот што следува Центарот за визуелна уметност планира магазинот да го промовира на скоро сите стрип фестивали во регионот и во Полска.

Љубителите на оваа уметност, првиот број на „Пегазус 21“ќе можат да го набават во специјализираната стрип-книжарница „Бункер“ или во „Табернакул“ и „Или-или“, а издавачите планираат тој да се појавува квартално или два пати годишно.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG