Достапни линкови

Ештон нема да им понуди документ со решенија на српските лидери


Шефот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон

Шефот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон

Кабинетот на шефот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон ги демантираше информациите дека на водечката политичка тројка од Србија на вечерашната средба во Брисел ќе им биде врачен документ со решенија. Потпаролката на Ештон, Маја Коцијанчиќ изјави денеска дека не постои никаков „нон-пејпер“ документ. Според неа, расправата е во контекст на дијалогот Белград-Приштина, кој е во клучна фаза и е важен за напредок на Србија и во тој правец одат консултациите.
Ештон треба вечерва да се сретне со претседателот на Србија Томислав Николилќ, премиерот Ивица Дачиќ и вице-премиерот Александар Вучиќ.
XS
SM
MD
LG