Достапни линкови

Вељаноски и ВМРО ДПМНЕ реагираат на протестот на опозицијата


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за денешниот протест на опозицијата пред зградата на Јавното обвинителство изјави дека тоа е веќе виден обид на СДСМ за вршење политички притисок врз институциите, на службениците и на овластени лица кои работат во нив. Од ВМРО-ДПМНЕ, на изјавата на пратеничката од СДСМ Радмила Шекеринска реагираат дека ниту таа ниту нејзината партија се уште не се одважиле да ја признаат штетата што ја направиле врз меѓународниот углед на Македонија.
Според владејачката партија, најмалку што треба да направат пратениците од опозицијата е да ја платат материјалната штета и да се извинат за нарушување на угледот на Собранието.
XS
SM
MD
LG