Достапни линкови

Опозицијата против одлуката на Обвинителството за Вељаноски


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски

Пратениците од опозицијата денеска се собраа пред Јавното обвинителство поради отфрлувањето на кривичната пријава што ја поднесоа против претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, по настаните од 24 декември. Пратеничката на СДСМ Радмила Шеќеринска изјави дека грубото кршење на Уставот, на законите и на Деловникот за работа на Собранието, не биле доволен факт за обвинителството кое брзо го ослободи Вељаноски од одговорност.
Според неа, со таквата одлука Обвинителството уште еднаш покажало дека во Македонија институциите систематски се уриваат и се ставаат во функција на партиски цели.
XS
SM
MD
LG