Достапни линкови

Извештајот на ЕК за Македонија на 16 април


Европската комисија на 16 април ќе го објави Специјалниот извештај за Македонија, од којшто зависи дали на јунскиот Самит на Европскиот совет ќе добиеме датум за почеток на пристапните преговори. Извештајот ќе биде сконцентриран на резултатите од заклучоците на последниот Самит на Советот за Македонија, односно добрососедството со Бугарија, преговорите за спор со името со Грција и Пристапниот дијалог на високо ниво.
Европскиот парламент пак на 8 април ќе гласа за Резолуцијата за нашата земја.
XS
SM
MD
LG