Достапни линкови

Плевнелиев посакува влада како онаа на Марио Монти


Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев сака за својата земја експертска влада, слична на италијанската која извесно време беше предводена од Марио Монти, го пренесе БТА, интервјуто на Плевнелиев за денешниот австриски весник „Стандард“.
Сакам да работиме како што Монти успеа да направи во Италија. Треба да имаме повеќе амбиции освен организирање на претстојните избори закажани за 12 мај и да ја надминеме малата криза, изјави Плевнелиев.
Бугарија веќе четири недели секојдневно е потресувана од протести против сиромаштијата и корупцијата на политичката елита во земјата по повикот на групи од граѓанскиот сектор.
Конзервативниот премиер Бојко Борисов на 20 февруари поднесе оставка под притисок на уличните протести.
XS
SM
MD
LG