Достапни линкови

Српскиот државен врв во Брисел на средба со Ештон


Кетрин Ештон

Кетрин Ештон

Српскиот претседател Томислав Николиќ, премиерот Ивица Дачиќ и првиот вице-премиер Александар Вучиќ денеска ќе престојуваат во Брисел на покана на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон. Како што соопшти Кабинетот на Ештон, посетата на тројцата највисоки носители на извршаната власт во Србија е во рамките на консултациите во пресрет на седмата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, закажана за 20 март.

По денешната средба со српскиот државен врв, Ештон во четврток ќе ја посети Приштина, каде на истата тема ќе разговара со косовскиот премиер Хашим Тачи и со лидерите на поголемите политички партии.
XS
SM
MD
LG