Достапни линкови

Пакистан ќе почне со изградба на гасоводот од Иран


Претседателот на Пакистан Асиф Али Зардари и неговиот ирански колега Махмуд Ахмадинеџад се очекува да учествуваат на свечена церемонија за почеток на изградбата на гасовод меѓу двете земји, преку кој Иран ќе го снабдува Пакистан со природен гас. Иран веќе го изгради својот дел од гасоводот но изградбата во Пакистан беше успорена поради протисоци од Вашингтон. Минатата недела Зардари изјави дека Пакистан ќе го гради гасоводот и покрај забелешките од Соединетите американски држави.
XS
SM
MD
LG