Достапни линкови

Кратење на министерствата во Кина


Кинеските власти соопштија дека планираат да ја намалат бројката на министри и да ги преструктуираат другите бирократи во комунистичката влада. Планот беше соопштен за време на годишниот состанок во Пекинг, според кој ќе биде укинато Министерството за железнички собраќај, поради низата скандали со корупција, при што неговото раководство ќе биде предадено на други субјекти. Комисијата за планирање на семејство пак би требало да се приклучи на Министерството за здравство.
Во реформите е предвидено и засилување на контролата врз храната по серијата на скандали за безбедноста на производите, а бројката на министерски тела ќе биде намалена на 25.
XS
SM
MD
LG